Нетанјаху: Израел се уште е во војна со Иран

by vlatko 21:56
21:56

Бенџамин Нетанјаху изјави дека Израел сè уште е во војна со Иран.

Израелскиот премиер рече дека неговата земја, заедно со Соединетите Американски Држави, ја предводи борбата на цивилизацијата против варварството.

Зборувајќи на прес-конференција по повод посетата на аргентинскиот претседател Хавиер Мајли на Ерусалим, Нетанјаху рече дека Израел, заедно со САД, е вклучен во борбата против големата тиранија на Иран, која, според него, го тероризира светот, сака уништување на Израел, уништување на САД и западната цивилизација каква што ја знаеме.

-Постигнавме големи работи. Сè уште не е завршено. Нешто ново може да се случи во секој момент – порача тој.

Слични вести