Нетанјаху до војниците во Либан: Остануваме додека не исчезне заканата од Хезболах

by irena 20:57
20:57

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го посети либанскиот териториум што е под контрола на израелската армија и порача дека Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах претставува безбедносна закана.

„Нема да го напуштиме јужен Либан сè додека заканата не биде отстранета. Додека Хезболах е присутен, вооружен и ни се заканува, ние ќе останеме тука“, изјави Нетанјаху за време на средбата со израелските војници.

Ова е прва посета на Нетанјаху на окупираниот либански териториум откако минатата недела, со посредство на САД, Израел и Либан постигнаа безбедносен договор, според кој израелските сили треба да се повлечат од две подрачја и контролата да ѝ ја предадат на либанската армија.

За време на посетата, на Нетанјаху му се придружија министерот за одбрана Израел Кац и високи воени претставници.

Израелската армија воспостави тампон-зона долж границата со Либан, која, според израелските власти, е неопходна за заштита на северниот дел на земјата од напади на Хезболах.

Според податоците што ги изнесе Нетанјаху, Хезболах и натаму располага со околу 12.000 ракети и проектили, додека израелската армија тврди дека од почетокот на конфликтот убила околу 9.000 припадници на движењето.

Во израелската воена кампања во Либан, која започна во март, загинале повеќе од 4.000 Либанци, а над еден милион лица биле раселени.

Слични вести