НАТО потврди: Руски дрон удрил во зграда во Романија

by vlatko 11:40
11:40

Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на руски напад врз соседна Украина бил руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел.

Инцидентот повторно ги крена тензиите на источното крило на Алијансата, бидејќи Романија е членка на НАТО и на Европската Унија.

Од НАТО најавија дека ќе проценат како дополнително да ја зајакнат одбраната на Романија и на целата Алијанса од закани од беспилотни летала.

Дронот погодил станбена зграда, при што биле повредени две лица и избувнал пожар, додека романските власти го оценија случајот како сериозно нарушување на безбедноста.

Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер, го осуди „неодговорниот упад“ и порача дека Соединетите Американски Држави ќе ја бранат „секоја педа од територијата на НАТО“.

Слични вести