340
Моторџија на возраст од 19 години загина во фатална сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје на Пластичарската улица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 22:21 часот на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „Ауди А4“, управувано од 31-годишниот Н.Х. од скопското село Визбегово, и два мотоцикли – „БМВ“ управуван од 19-годишниот М.Ф. од Скопје и „Хонда ХДВ“ управуван од 21-годишниот Н.Б. од Скопје.
Најтешко повреден бил 19-годишниот М.Ф., кој итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
И покрај напорите на лекарите, подоцна им подлегнал на повредите.