По настапи и настани во некои од најпрестижните светски дестинации како Дубаи, Санторини, Истанбул, Малта и Букурешт, како и по распродадениот настап во Скопје, Cafe De Anatolia го најавува својот прв дводневен фестивал во Македонија — на 10 и 11 јули во Aleksandar Park, Виница.

Ова не е само музички настан, туку целосно искуство кое ги обединува електронската сцена — современата уметност, локалната гастрономија и винската традиција.
На прашањето кој момент од патот од идеја во 2009 до #1 label на Beatport, платформата која ги диктира правилата во електронската музика, им е најнезаборавен, тие рекоа дека никогаш нема да го заборават денот кога добиле писмо од Beatport дека се номинирани за нивните годишни награди.
„Да се најдеш во Ибица, на настан кој е светскиот врв на електронската музичка индустрија, и да седиш на иста маса со луѓето кои ја креираат иднината на оваа сцена – а притоа да доаѓаш од Истибања, Македонија – е чувство што тешко се опишува со зборови. Тој момент ни покажа дека со доволно визија, работа и упорност, не постојат граници“, посочија тие.
Фестивалската програма ќе се одвива во две ноќи — петок и сабота, од 20:00 до 03:00 часот, со настапи на интернационални и домашни артисти како Beard2Beard, DR. Saba, Rex Stax, Jizabja, Keto Van Harum, Billy Esteban и Rialians On Earth, како и специјални фестивалски перформанси како пантомима перформанси, тарот читач, face painting артисти, интерактивни уметнички моменти и дополнителни изненадувања кои ќе ја надополнат целосната фестивалска атмосфера.

Во сабота, од 15:00 до 20:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневна фестивалска атмосфера со бесплатни дегустации на вина од повеќе винарии, уметнички инсталации, гастрономски понуди и фестивалски маркет.

Основан од семејството Илиеви — Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиева (Monika Ilieva) и Никола Илиев (Rialians On Earth / Nickarth) — Cafe De Anatolia прерасна во глобален музички бренд и вистински powerhouse во светот на музичката индустрија, со препознатлива естетика, уникатен звук и силно глобално присуство. Препознаен од бројни меѓународни медиуми и публикации, вклучувајќи ги Forbes и Entrepreneur, Cafe De Anatolia се смета за еден од основачите на Organic House жанрот, создавајќи уникатен спој помеѓу традиционалните етно влијанија и модерната електронска музика.

Брендот денес претставува една од највлијателните платформи во оваа сцена, со глобална заедница, илјадници артисти и препознатлива музичка насока која продолжува да се шири низ светот. Историски момент за брендот беше потпишувањето административен договор со Sony Music Publishing, како и промоцијата на Тајмс Сквер во Њујорк — чекори кои дополнително ја зацврстија позицијата на Cafe De Anatolia како еден од највлијателните независни музички лејбли од регионот.

Брендот беше номиниран од Beatport, рамо до рамо со светски имиња како HUGEL, за „Label of the Year 2025“ и „Artist of the Year 2025“, потврдувајќи го неговото влијание во светската електронска сцена.
Со воспоставени соработки и признанија од глобални имиња и компании како Giorgio Armani, Four Seasons, Radisson Blu и Sony Music Publishing, Cafe De Anatolia продолжува да поставува нови стандарди на пресекот меѓу музиката, културата и lifestyle индустријата.

Денес, Cafe De Anatolia соработува со над 5.000 артисти, поседува каталог од околу 20.000 траки во жанрот Organic House и брои над 30 милиони следбеници и повеќе од 2 милијарди прегледи глобално.
🎟 Билети и повеќе информации: https://mktickets.mk/event/cdafestival/
Македонската продуцентска и издавачка куќа „Кафе де Анатолија“ (Cafe De Anatolia) постои десет години, а веќе е една од најнаградуваните од Македонија и Европа од страна на „Јутјуб“.
Основана во 2017 година во Истибања, Виница, од страна на Моника Илиева (Monika Ilieva), Никола Илиев (Nickarth a.k.a Rialians On Earth) и Зоран Илиев (Billy Esteban), „Кафе Де Анатолија“ продуцира и промовира различни жанрови од електронската музика, како органик хаус, чил аут, афро хаус и дип хаус.
„Кафе Де Анатолија“ е еден од основачите на новите музички правци органик хаус, ориентал дип хаус етнохаус и според многу списанија, е дел од основоположниците на тој жанр во светски рамки.
„Кафе Де Анатолија“ досега доби 31 награда од „Јутјуб плеј копчиња“ (Youtube Creator Awards/ YouTube Play Buttons), вклучувајќи три златни (за над 1.000.000 претплатници) и 28 сребрени (за над 100,000 претплатници).
Прогласена е за најдобра музичка издавачка куќа во жанрот органик хаус во 2022/23 година, според изборите на Ај-ди-ем, Рејв џангл и Магнетик магазин, водечки списанија во областа на музиката во жанрот хаус.