Деветмина пијани на пловни објекти: 52 прекршоци во акциска контрола на Охридското Езеро

by irena 12:44
12:44

Вчера (05.07.2026), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро.

Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 пловни објекти.

Кај 31 пловен објект и кај 31 лице, констатирани се 52 прекршоци… а по извршено алкотестирање, кај девет лица било утврдено дека се под дејство на алкохол. Кај пет лица кои вршеле изнајмување на педалинки, била констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување

Слични вести