179
Најмалку девет лица се повредени денес во експлозија на граната во центарот на Министерството за внатрешни работи во Сиктивкар во руската Република Коми, од кои четворица се потешко, соопшти локалното Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека девет лица, повредени во експлозијата на светлосна граната во Сиктивкар, се префрлени во болници, објави РИА Новости.
Се забележува дека 200 лица се евакуирани од зградата по експлозијата.
Итни служби се на местото на настанот, пожарот е локализиран, а покрената е кривична постапка за небрежност.