(ВИДЕО) Најмалку 13 лица загинаа во пожар во станбен комплекс во Хонг Конг

by irena 14:23
14:23

Најмалку 13 лица загинаа во пожар што денес зафати станбен комплекс во приградскиот кварт Таи По во Хонг Конг, соопштија официјални лица.

Полицијата соопшти дека добила повеќекратни пријави за луѓе заробени во најмалку пет згради што биле зафатени од пожар, објавува CNN.

Двајца повредени се во критична состојба, додека третото е стабилно, се наведува во официјалниот извештај, објави АП.

Се верува дека пожарот се проширил низ бамбусовите скелиња од надворешната страна на зградите, а службите за итни случаи се на местото на настанот.

Слични вести