“Најдобра дизајнерска иновација 2025“: Новата OPEL MOKKA ја освои наградата „AUTONIS“

by valentina 15:26
15:26

• Најубав мал SUV/Crossover: Mokka убедливо победува со скоро 50 проценти од гласовите
• Карактеристичен изглед: со изостренo лого Blitz, нов светлоснен потпис и графички акценти, како и свежи бои
• Независнo жири: 14,000 читатели на auto motor und sport гласаа

Вредности (комбинирано) за Opel Mokka GSE според WLTP: потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A
Вредности (комбинирано) за Opel Grandland Electric AWD Ultimate според WLTP: потрошувачка на енергија 17.8-18.0 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A

На својата светска премиера на IAA Mobility во Минхен пред неколку дена, новиот Opel Mokka GSE предизвика заинтересираност и возбуда. Со својот модерен дизајн, компактниот SUV импресионира не само како високо-перформантен електричен автомобил, туку и со секоја своја верзија.
Ова сега е потврдено од 14.000 читатели на германското автомобилско списание auto motor und sport. На 25-тото доделување на наградите „autonis“, тие ја избраа новата Opel Mokka за „Најдобра дизајнерска иновација 2025“ во категоријата мали SUV/Crossover возила. Со јасна предност: 49,6 проценти од гласовите дадени во оваа категорија отидоа кај харизматичниот бестселер Bliz. Новата Mokka со тоа го продолжува успешниот „autonis“ пат на Opel. Во 2022 година, Opel Rocks ја освои наградата, а следната година, читателите го избраа најпопуларниот мал автомобил во Германија, Opel Corsa, за победник во својата категорија.

„Opel Mokka сега е уште пoсмела, поелегантна и поостра. Направивме промени на вистинските места за да го направиме бестселерот уште посигурен и попривлечен за нашите клиенти. Многу сме задоволни што читателите на auto motor und sport се согласуваат и ја избраа Мokkа за најубавиот мал SUV. И можам да ветам: новата Мока GSE, опремена со возбудливи перформанси и дизајн, ќе ги натера срцата на јавноста да чукаат уште побрзо,“ изјави Бренд Менаџерот на Оpel Германија, Patrick Dinger.

Моќен изглед: новата Mokka е поостра, помодерна и подигитална од кога било досега

Opel Mokka може да се опише со три збора: модерна, компактна и стилска.
Најпродаваниот SUV на Opel отсекогаш поседувал вистински карактер, а брендот Blitz додаде уште поголема харизма оваа година. Од една страна, ова се должи на дополнително изострениот дизајн: Opel ги истакна визуелните предности на Mokka преку елеганција, со најновиот Opel Blitz, помодерна интерпретација на LED потписот напред и назад во светлосни блокови и со црни елементи што се движат од капакот на моторот до дизајнерската линија што се протега по страните.
Истовремено, Mokka блеска во свежи бои на каросеријата. Металик боите Kolibri Blue и Tropikal Green, обете резервирани ексклузивно за Mokka, како и еднобојната Grafik Grey боја ја поставуваат сцената за впечатливиот SUV.

Но, не е само дизајнот на каросеријата на Моkka што создава ефект на восхит. Внатрешноста исто така е освежена: управувачот, потесен на горниот и долниот дел, не само што пренесува спортски карактер, туку и го внесува Opel Vizor во кабината со логото Blitz во центарот и ги одразува хоризонталните линии на Opel compass од надворешниот дизајн.
Централната конзола, која сјае во мат сребрен тон, е уште појасна отколку порано.

Дизајнерите и инженерите интегрираа некои поставки кои порано се контролираа преку копчиња на централниот екран на допир во боја на дигиталниот инфозабавен систем. Целиот дизајн на кокпитот изгледа поосвежено и помодерно, како кај возилата од повисоките класи.

На пример, дизајнот на преостанатите прекинувачи за електричната паркирна сопирачка и избирачот на режими на возење (кај Mokka Electric и верзиите со автоматски менувач) потекнува од врвниот SUV Opel Grandland, кој исто така неодамна предизвика возбуда на IAA Mobility, како и новиот Grandland Electric AWD, првото целосно електрично возило со погон на сите тркала на Opel.

Со својот успешен спој на изострен дизајн на надворешноста и јасен, дигитален стил во внатрешноста, Opel Mokka ги освои читателите на auto motor und sport. По 25-ти пат, тие гласаа онлајн за своите дизајнерски фаворити. Вкупно 14,000 читатели ја дадоа својата поддршка оваа година. Имаше 117 нови производи за избор во 13 категории.

Официјалната церемонија на наградување ќе се одржи во Штутгарт на 13-ти октомври.
ПР

Слични вести