Најден мобилен телефон во келијата на газдата на „Пулс“

by irena 10:39
10:39

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште предвидено е сведочење на законските застапници на оштетените во овој предмет.

Пред почетокот на рочиштето, судот информираше дека во келијата на Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“, бил пронајден мобилен телефон.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го опомена Јованов и посочи дека доколку ваков инцидент се повтори, ќе бидат воведени построги мерки, меѓу кои и забрана за посети.

Пронаоѓањето мобилен телефон во притворските одделенија се смета за тежок дисциплински престап, бидејќи овозможува непречена комуникација со надворешниот свет, што може да влијае врз текот на судската постапка, истрагата или врз сведоците.

Судењето продолжува со изведување на докази и сослушување на странките во постапката.

Слични вести