16-то издание на Фестивалот „РАДИКА ФЕСТ” 2025

by irena 11:05
11:05

Во Центарот за културата во Дебар синоќа се одржа 16-тото издание на фестивалот на детски забавни песни „Радика Фест” 2025.

На фестивалот, кој има натпреварувачки карактер, беа изведени 12 нови авторски композиции, со изведувачи и автори од општините Охрид, Струга, Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и други градови од републикава.

На самиот почеток на фестивалот поздравен збор зеде познатиот дебарски композитор Зинче Мимидиноски, директор на фестивалот „Радика Фест” 2025 ги поздрави присутните гости, а на учесниците им посака многу успех.

На фестивалот настапија околу 30 деца од Дебар и дебарско, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид кои изведоа 12 нови авторски композиции.

Имено, Фестивалот „Радика Фест” од Дебар постои од 2010 година при што во изминатите 15 изданија има реализирано повеќе од 200 композиции на кој имаат настапувано над 400 учесници.

-Првата награда од стручното жири на фестивалот ја доби Ада Кадриоска од Бороец, Струга, за композицијата „Хоби”, автор на музика е Зинче Мимидиноски, текст Лила Тодоровска, аранжман на Јовица Каралиевски.

-Наградата од публиката, ја освои Мелда Кадри од Дебар која настапи со композицијата „Малата Манекенка“.

Наградата за најдобра вокална изведба ја доби Бида Оручоска од Косоврасти, Дебар за изведба на композицијата „Зима“.

-Најдобриот сценски настап го имаше Елина Смајлоска од Бороец, Струга, која ја испеа песната „Снегулка”.

На фестивалот се доделија награди и за Бест Хит, Бест Тлент и Бест Јуниор талент.

Мора да напоменеме дека сите учесници беа наградени за што добија Дипломи за учество и одличја на фестивалот „Радика Фест” 2025.

Директорот на фестивалот Зинче Мимидиноски, не го криеше задоволството за успешно реализираното 16-то издание на фестивалот „Радика Фест” 2025.

Сите изведувачи заслужуваат највисока оцена, уште еднаш им честитам на сите за одличните интерпретации при што очекувам наредната година уште поуспешно издание, рече Мимидиноски.

Од дванаесетте нови авторски композиции десет се на познатиот дебарски композитор Зинче Мимидиноски и по една на Јовица Каралиевски и Ибраим Исламоски-Бале.

Текстовите беа дело на познати поети меѓу кои Лила Тодоровска од Крива Паланка, Биљана Тодоровска и Олга Наумовска од Битола, Милка Минкова од Кавадарци, Весна Стојковска од Белград и др.

Гостин во програмата на фестивалот како и минатата година беше ГАКУД „Браќа Ѓиноски” од Гостивар.

Слични вести