Над 850 милиони евра за плати во фантомски институции со директор, но без вработени

by irena 11:30
11:30

Илјадници луѓе се вработени во околу 300 непознати државни органи од вкупно 1.371 институција, кои ги формирал кој било орган од јавниот сектор. За овие институции, агенции, заводи и тела никој не слушнал, а сите функционираат со директори, управни и надзорни одбори, имаат на располагање службени возила и солиден годишен буџет.

Според Регистарот на вработените во јавниот сектор, во јавниот сектор активни се 1.371 институција, во кои работен однос имаат засновано 128.879 лица.

Како основачи на институциите во јавниот сектор се владата, која основала 440 субјекти, општините и Градот Скопје имаат формирано 829 институции, Собранието, кое основало 31 институција, и претседателот, кој основал еден субјект.

Најголем број институции се јавни установи, кои се вкупно 932. Од нив, во областа на образованието се 550, во областа на здравството 110, во областа на културата 128, во областа на труд и социјала 127, во областа на правда (КПУ и ВПУ) 12, во областа на животна средина 4 и од областа на информатичко општество (МАРнет) е една институција.

Вкупниот број на јавни претпријатија е 159, од кои 115 се јавни претпријатија за комунални работи, 8 се јавни претпријатија за земјоделство и шумарство, 17 се транспортни јавни претпријатија, 2 јавни претпријатија од дејноста информирање, 1 јавно претпријатие од дејноста информатичко општество и 15 јавни претпријатија од други дејности од јавен интерес (спорт, урбанистичко планирање, енергија, третман на бездомни животни и други).

ИНСТИТУЦИИ БЕЗ НИЕДЕН ВРАБОТЕН

Во Регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација се наведени вкупно 14 институции, кои во 2023 година немале ниту едно вработено лице, но имале директори.

Постојат 160 институции до 10 вработени, до 50 вработени се 505 институции, до 100 вработени имаат 401 институција, до 500 вработени се 47 институции, а 25 институции имаат над 500 вработени.

Разгледувајќи ги Регистарот и буџетот за 2024 година, може да се види дека за сите институции има посебни ставки за исплата на пари за тековното работење.

Меѓу нив се и Регулаторната комисија за домување со двајца вработени, која има буџет од 200.000 евра, Државниот девизен инспекторат со 8 вработени и буџет од 150.000 евра, Државниот инспекторат за локална самоуправа и буџет од 130.000 евра, Управата за електронско здравство со 9 вработени и реализиран буџет од 19 милиони денари, Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи со 4 вработени и буџет за 2024 од 11,5 милиони денари, Агенцијата за поддршка на претприемништвото со 12 вработени и реализиран буџет од 81 милион денари, Дирекцијата за радијациона сигурност со осум вработени и реализација од над 15 милиони денари или околу 250.000 евра…

Од планираните расходи за 2021 сме, 500 милиони евра чинеа платите за администрацијата, која работи во над 1.300 институции. Бројките покажуваат дека во 2025 сме потрошиле 800 милиони евра, а за годинава со покачувањата бројката надминува над 850 милиони евра.

О.К.

 

Слични вести