Над 129 милиони денари пренасочени за политичко рекламирање: Ревизорите најдоа куп неправилности во работата на ДИК

by irena 10:08
10:08

Над 129 милиони денари од буџетот наменет за изборни активности биле пренасочени кон трошоци за политичко рекламирање, покажува ревизијата за работењето на Државната изборна комисија за 2024 година.

Според наодите, распределбата на средствата не била во согласност со законски утврдениот сооднос, што укажува на отстапувања во планирањето и реализацијата на буџетот.

Ревизорите посочуваат дека ваквото пренасочување на значителен дел од средствата отвора дилеми за транспарентноста и оправданоста на трошењето јавни пари во изборниот процес. Наместо да се следи пропишаната структура на финансирање, средствата биле насочени кон политичко рекламирање, што може да влијае врз рамнотежата и интегритетот на изборниот процес.

Овој наод е дел од пошироките забелешки за системски слабости во финансиското управување, при што ревизијата дава препораки за појасно уредување на моделот за финансирање на изборите и доследно почитување на законските одредби во иднина.

Целосната ревизија за работата на ДИК може да ја читате на следниот линк.

Слични вести