40
Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на Чашка по пријава дека без согласност ја внел својата поранешна 17-годишна девојка во автомобил.
Од МВР информираат дека утринава во 1 часот по полноќ, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.О. од Чашка.
Според пријавеното од очевидци, тој ја внел поранешната девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, без нејзина согласност.
Возилото набрзо било запрено од полициски службеници, по што 21-годишникот бил приведен.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.