189
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека претседателот Доналд Трамп му дал „јасни насоки“ за тоа како да пристапи кон преговорите со Иран и изрази оптимизам пред состанокот.
Во разговор со новинарите во Вашингтон, кратко пред да замине за пакистанскиот главен град Исламабад на разговори, Венс рече дека очекува разговорите со Техеран да бидат „позитивни“.
Венс ги наведе условите под кои САД би пристапиле кон разговорите.
-Доколку Иранците се подготвени да преговараат со добра волја, ние секако сме подготвени да помогнеме. Но, ако се обидат да не изиграат, ќе откријат дека нашиот преговарачки тим воопшто нема да биде попустлив – рече тој.