На „Евзони“ уапсен македонски државјанин баран со потерница – казнет е за трговија на 35 килограми кокаин

by irena 11:25
11:25

При влез во Грција, на граничниот премин Евзони, во саботата бил уапсен 46-годишен македонски државјанин по кој италијанските власти имале распишано европска потерница поради случај поврзан со трговија со дрога во 2007 година, објавија грчките медиуми.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, преку европската потерница италијанските власти бараат екстрадирање на 46-годишниот со цел да ја издржи казната што му била изречена за трговија со 35 килограми кокаин, а делото наводно било извршено во 2007 година, кога дрогата преку Шпанија стигнала до Неапол.

Уапсениот се очекува да биде изведен пред надлежното обвинителство во Солун, за да се спроведе потерницата и да започнат постапките за негово екстрадирање во Италија.

Слични вести