МВР го потврди обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје

by irena 09:00
09:00

Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје.

Од таму за државната агенција МИА велат дека полицијата по пријавата излегла на терен и дека се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.

Во дворот од верскиот објект е најден канистар за гориво, а како што се гледа на фотографијата која ја објавија од Амбасадата на Израел во Македонија на вратата има траги од горење.

Слични вести