Муцунски: Сите македонски државјани од Блискиот Исток ќе бидат евакуирани до средината на оваа недела

by irena 13:47
13:47

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија спроведува операција за извлекување на македонските државјани од кризните подрачја на Блискиот Исток. Министерот Тимчо Муцунски денеска информираше дека институциите работат со полн капацитет, нагласувајќи дека целта е до средината на оваа недела сите граѓани кои побарале помош да бидат безбедно вратени дома.

„Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток воспоставивме постојан кризен механизам. Преку кризен штаб и дипломатско-конзуларните претставништва бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација“, изјави Муцунски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека станува збор за трета сложена операција од ваков обем во последните 12 месеци, по трагедијата со пожарот во Кочани и првата ескалација на конфликтот Израел – Иран.

„Ова уште еднаш ја потврдува подготвеноста и институционалниот капацитет на државата да реагира брзо, координирано и одговорно во кризни ситуации“, истакна министерот.

Слични вести