Муцунски се сретна со бугарската шефица на дипломатијата: Петрова му ги повторила позициите за Бугарите во Уставот

by irena 16:47
16:47

Министерот Тимчо Муцунски по состанокот на НАТО во Шведска се сретна со бугарската шефица на дипломатијата Велислава Петрова-Чомова.

За средбата извести прва бугарската министерка порачувајќи дека Софија опстојува на барањето за „целосна имплементација на обврските преземени со консензусот постигнат во јули 2022 година“ и дека тој консензус останува „клучен за нашиот пат кон Унијата“.

Притоа таа додава дека гаранциите за првата на македонските Бугари остануваат приоритет за Бугарија.

Набргу за средбата извести и Муцунски:

„На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, остварив средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова.Разменивме мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Ја нагласив потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање на преговорите со Европската Унија, реафирмирајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.

Акцент ставивме и на значењето на Коридор VIII и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало“, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.

Го отворив и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права“, извести Муцунски преку социјалните мрежи.

Слични вести