Муртезани: Прво да го вратиме дијалогот со Софија, па ќе бараме начин за надминување на спорот

by vlatko 18:46
18:46

Со европските партнери работиме на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија, за да се надминат спорот и блокадата за земјава на патот кон ЕУ, рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани на денешната прес-конференција со министерката за европски прашања на Шведска, Јесика Розенкранц во Скопје.

Неговата изјава беше дадена во одговор на прашањето дали евентуално се подготвува трет протокол со Бугарија за да се надминат разликите, што неодамна го спомена претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како едно од креативните решенија.

-Тоа што се работи константно по локалните избори заедно со нашите европски партнери е воспоставување на дијалогот и враќање на довербата, бидејќи без дијалог и доверба не може да стане збор за надминување на проблемот. Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и градење доверба, а потоа ќе стане збор и за можните начини за надминување на проблемот – изјави Муртзани.

На прашањето во однос на изјавата на американската амбасадорка Аџела Агелер, дека стопроцентно се работи на уставните измени и дали е навистина така, Муртезани рече дека „секако дека на тоа се работи, бидејќи тоа е преземена обврска, но додаде дека во моментов не може да се говори за процесот на измени на Уставот, бидејќи сите наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани“.

-Секако дека на уставните измени мора да се работи. Тоа е преземена обврска без која нема преговори и нема членство во ЕУ, меѓутоа како што нагласив во моментов не може ние да зборуваме за процесот на уставни измени кога сите тие наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани, а за да бидат адресирани треба да се воспостави редовен дијалог, да се врати довербата меѓу двете соседни земји за да можеме на европски начин да градиме задничка европска иднина иднина – рече Муртезани.

Слични вести