Момче од Вевчани излетало со кола од автопатот Скопје – Штип, неговата сопатничка е тешко повредена

by irena 07:47
07:47

Момче од Вевчани во саботата излетало со автомобил од коловозот на автопатот Скопје-Штип, а со тешки повреди завршила неговата 44-годишна сопантничка, исто од Вевчани.

„На 28 февруари 2026 година, во 07:15 часот, во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Скопје-Штип, кај Свети Николе, патничко возило ‘опел’ со вевчански регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.К. од с.Вевчани, Струшко, излетало надвор од коловозот,“ соопшти полицијата.

Возачот, исто така, завршил со повреди, а тој и неговата сопатничка биле хоспитализирани во Клиничката болница Штип.

Слични вести