Поранешниот младински играч на Арсенал, Били Вигар, трагично почина на 21-годишна возраст како последица од тешка повреда на мозокот здобиена за време на натпревар.
Вигар ја удри главата во бетонскиот ѕид покрај теренот, и покрај напорите на лекарите, неколку дена подоцна ја загуби битката за живот, оставајќи го своето семејство, пријателите и целата спортска заедница во длабока тага.
Former Arsenal striker Billy Vigar has died aged 21 after suffering a ‘significant brain injury’ while playing for Chichester City. pic.twitter.com/mgfDn3UXUr
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 25, 2025
Трагедијата што го потресе англискиот и светскиот фудбал се случи во саботата за време на натпреварот од ниските лиги во Англија.
Во 15-тата минута од натпреварот, младиот напаѓач Били Вигар (21), во обид да ја спаси топката од излегување од теренот, се лизна и ја удри главата во бетонскиот ѕид покрај игралиштето. Натпреварот беше веднаш прекинат, а медицинскиот персонал брзо пристигна за да му пружи прва помош. Поради сериозноста на повредите, Вигар беше итно префрлен во болница со хеликоптер, каде што започна неговата тешка борба за живот.
Лекарите веднаш го ставија во индуцирана кома поради, како што е наведено, „значајна повреда на мозокот“.
И покрај напорите на медицинскиот тим и операцијата на која беше подложен во вторникот за да ги зголеми шансите за закрепнување, повредата се покажа како премногу тешка.
Неговиот клуб ја објави тажната вест денеска.