Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите денеска во скопска Кисела Вода, а во врска со барањата на опозицијата за измени во Изборниот законик рече дека ќе ги прифатат сите барања, освен укинувањето на електронското гласање на дијаспората.
Премиерот изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година.
„Гледам дека во јавноста се шпекулира дека мојот предлог за вклучување на дијаспората во електронското гласање, почнувајќи од претседателските избори во 2029 година, е поврзан со мојата амбиција да се кандидирам за претседател. За да се стави крај на овие шпекулации, сакам јасно да ставам до знаење дека нема да бидам кандидат. По завршувањето на мојот мандат како премиер, ќе се вратам на универзитетот, меѓу студентите. Нема да се кандидирам за претседател на Владата, ниту за шеф на држава, бидејќи немам амбиција ниту желба за таква функција“, нагласи Мицкоски.