2,K
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ најави можна реконструкција на Владата. Како што рече, во периодот до мај-јуни се очекува реконструкција на дел од ресорите во рамки на владиниот кабинет.
-Веќе во мај месец, најдоцна јуни, да имаме и реконструкција на дел од ресорите во рамките на владиниот комитет, можеби на некои институции. Воопшто досега не е направена таква анализа, но во периодот што следи, ќе се прави таква анализа – порача Мицкоски.