Мицкоски испраќа повици до Радев, а не сака да го реши проблемот, вели СДСМ

by vlatko 21:53
21:53

Опозицискиот СДСМ преку писмено соопштение со наслов „Лавји котиња со патриотски бугарски пасоши“, реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска изјави дека се додека има котиња во СДСМ што коленичат и ги распродаваат македонските национални интереси, не очекува подобрување на односите со Бугарија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски упати покана за средба со новоизбраниот бугарски премиер Румен Радев, но рече дека не очекува брзо подобрување на односите меѓу двете земји, додавајќи оти вината за тоа ја гледа кај домашната опозиција.

„Мицкоски, шефот на криминалната група ВМРО, денеска повторно, како и секој уличар, продолжува со својот крими-дипломатски речник и преку медиуми испраќа повици до новоизбраниот премиер на Бугарија за решавање на добрососедските односи. На кого уште не му е јасно дека овој голем патриот, на кого половина од владата, Собранието и партијата имаат бугарски пасоши – не сака да го реши прашањето за внесување на малцинствата во Уставот?“, реагираше СДСМ на Венко Филипче.

Од опозициската партија велат дека внесувањето малцинства во Уставот не е никакво прашање на загрозување на националниот идентитет и додаваат дека единствено загрозена од придвижувањето на евроинтегративниот процес е ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го покани Радев на средба

Слични вести