Мира е новата кралица на Париз – руската тинејџерка го освои Ролан Гарос

by irena 17:08
17:08

Руската тинејџерка Мира Андреева (19) го освои Ролан Гарос и првата Гренд слем титула во кариерата.

Руското чудо од Сибир и осма тенисерка во светот го достигна успехот во својата кариера откако денес во големото финале на „Филип Шатрие“ ја победи полската сензација Маја Хвалински (ВТА, 114) со 2:0, во сетови беше: 6:3, 6:2.

Беше еднонасочна улица и апсолутна доминација на девојката од Краснојарск.

Младата Русинка одигра незаборавен турнир. До титулата стигна само со еден загубен сет. Андрејева стана третата тинејџерка во финалето во Париз овој век, по Ким Клајстерс и Коко Гоф.

Таа дојде во Гарос како осма во светот, а ќе си замине како шеста.

Од друга страна, Маја имаше и две недели од соништата. Таа пристигна во Париз како 114-та на планетата.

Таа влезе во главниот жреб преку три квалификациски кола, а потоа последователно ги победи тенисерките кои имаат многу подобар ранг од неа и стигна до финалето.

Од понеделник, таа ќе биде 21-ва тенисерка во светот, а со пласманот во финалето стана првата играчка надвор од првите 100 што играла во финалето во Париз.

Во утрешното машко финале ќе се сретнат Германецот Александар Зверев и Италијанецот Флавио Коболи.

Слични вести