Медведев: Русија сè повеќе користи вештачка интелигенција во војската

by irena 17:40
17:40

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на Управниот одбор на Фондот „Сколково“, Дмитриј Медведев, изјави дека вештачката интелигенција во таа земја сè повеќе се користи во различни сектори, вклучително и во воената сфера.

„Можностите за примена на вештачка интелигенција во нашата земја се многу широки“, рече Медведев.

„Ова ги вклучува медицината, образованието, енергетиката, индустријата и метеорологијата, како и безбедноста во најширока смисла и воените технологии. Сите овие сектори веќе користат вештачка интелигенција, а овој тренд веројатно ќе продолжи.“

Зборувајќи за развојот на вештачката интелигенција во Русија, Медведев го издвои Сколково, каде што, според него, се концентрирани голем број компании што се занимаваат со оваа технологија.

„Мислам дека има околу 300 од нив“, рече тој, додавајќи дека таквата концентрација може да донесе значајни резултати.

Тој нагласи дека клучот за напредокот е соработката на сите актери, како и дека вештачката интелигенција секогаш мора да остане под човечка контрола.

Слични вести