Меџити јавно го праша Османи: Дали најмалку двапати си бил во Будимпешта на директна посета со Груевски?

by irena 15:33
15:33

Изет Меџити – првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на општина Чаир денеска побара од неговиот противкандидат Бујар Османи да одговори дали е вистина дека најмалку двапати бил во Будимпешта на директна посета кај Никола Груевски.

Меџити најави дека откако Османи ќе одговори на ова прашање, ќе каже кога било и како било.

„Ќе поставам прашање – дали е вистина дека најмалку двапати бил во директна посета со Груевски, ќе почекам да видам како ќе одговори, па потоа ќе му кажеме кога било и како било“ – изјави денеска Меџити.

Слични вести