Маж скокнал во Вардар во Гази Баба, пренесен е во болница

by irena 10:29
10:29

Маж утрово скокнал во водите на реката Вардар на подрачјето на скопската општина Гази Баба, по што бил пренесен во болница.

Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ информираат дека случајот бил пријавен околу 8 часот утрово.

„Денеска (14.09.2026) околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на река Вардар на подрачје на Гази Баба скокнало едно машко лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот“, велат од МВР за „Фокус“.

Лицето со возило на Итната медицинска помош било пренесено во болница за укажување лекарска помош.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести