Масовно убиство во Киев, Зеленски вели дека се истражуваат мотивите

by vlatko 14:18
14:18

Украинската служба за безбедност го класификува како терористички напад вчерашното масовно убиство на цивили во Киев.

Според најновите информации, 6 лица загинаа, а најмалку 14 се повредени. Меѓу повредените има и 12-годишно дете.

Нападот се случи во областа Холосиевски, кога вооружен маж почна да пука кон цивили.

Според информациите објавени во медиумите, напаѓачот се засолнил во супермаркет каде што држел заложници и пукал кон полицајците кои се обидувале да го приведат.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, соопшти дека полиција го ликвидирала напаѓачот и дека се истражуваат мотивите за злосторството.

-Утврдено е дека напаѓачот запалил стан пред да излезе на улица со оружје. Претходно бил гонет за кривични дела. Долго време живеел во регионот Донецк и е роден во Русија. Сите достапни информации за него и мотивите зад неговите постапки темелно се истражуваат. Секој детаљ мора да се потврди – рече Зеленски.

Слични вести