Максим Димитриевски очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за нов градоначалнички мандат во Куманово

by Fokus

Актуелниот градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски очекува да ја добие поддршката од коалицискиот партнер во владата ВМРО-ДПМНЕ во трката за нов градоначалнички мандат.

Говорејќи за настапот на неговата партија на претстојните локални избори наесен, Димитриевски во вечерашното интервју во централниот Дневник на ТВ Сител, рече дека ЗНАМ ќе трча со свои канндидати, но во одредени градови, како што рече дефинитивно ќе има предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

ЗНАМ трча со свои кандидати, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со свои кандидати. ЗНАМ трча со сопствени советнички листи, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција со нивни советнички листи, но дефинитивно за одредени градови ќе имаме предизборна соработка или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати, на едната или другата политичка партија. Начелно ова се разговара, а епилогот од разговорите ќе следи и ќе го објавиме официјално“, рече тој.

Прашан дали има прелиминарен договор со ВМРО-ДПМНЕ за негова поддршка во Општина Куманово, тој рече дека се водат интензивни разговори на таа тема и нагласи дека неговите очекувања се да се постигне таков договор.

Во таа насока, тој наведе и дека разговорите не се водат само за поддршка во Општина Куманово, туку и за други општини ширум земјава, но, како што рече, ќе причека сето тоа да се официјализира.

 

Поврзани новости