Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) предмалку беа извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026.
Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓаше и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска.
Противник на Македонија во баражот, од првиот шешир е селекцијата на Данска.
Доколку во полуфиналето Македонија ја елиминира Данска, во финалето за пласман ќе игра со подобриот од дуелот Република Ирска – Чешка.
Другите полуфинални двојки за европскиот бараж се:
Италија – Северна Ирска
Украина – Шведска
Турција – Романија
Велс – Босна и Херцеговина
Полска – Албанија
Словачка – Косово
Чешка – Република Ирска.
Ќе се играат две рунди: полуфинале (26 март 2026 година) и финале (31 март 2026 година).
Четирите победници ќе се пласираат на Светското првенство 2026 година.