Мајката на загинатиот џудист кај Нови Сад се моли за другиот син – близнак

by irena 11:07
11:07

Момчето Лазар П. (16), млад џудист од „Партизан“, загина рано утринава во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Нови Сад – Белград, додека неговиот брат близнак Лука П. се здоби со повреди и беше пренесен во болницата во Нови Сад.

По трагедијата, мајката на близнаците се огласи со трогателни зборови:

– Нашиот Лазар повеќе го нема, сега се молам на Бога за Лука да биде добро – кратко рече мајката Даниела за српските медиуми.

По страшната трагедија, се огласи и таткото на близнаците – џудисти:

– Не знам дали ја изгубиле контролата. Беа на натпревар во Азербејџан. Со авион дојдоа од Баку во Будимпешта, од Будимпешта отидоа со комбе во Србија, во Белград. И потоа се случи ова. Еден млад живот беше изгубен. Синот што беше повреден е во болница. Застанавме да видиме нешто – рече таткото Славиша.

Утрово околу 4:30 часот на автопатот Белград – Нови Сад се случи сообраќајна несреќа во која загина едно дете, кога комбето во кое се превезувале децата излетало од патот по наплатната рампа, ја пробило оградата и паднало во каналот.

Според досегашните информации, како што објави Министерството за внатрешни работи, од засега неутврдени причини, се превртело комбе „опел виваро“ со белградски регистарски таблички, управувано од С.С.(1982).

Во возилото имало осум малолетни патници на возраст од 13 до 16 години, кои се членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград и се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан.

Со алкотест е утврдено дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол.

Возачот С.С. (1982) рано утрово бил примен во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Војводина со повеќекратни трауматски повреди и е на набљудување.

Слични вести