Левица: Со предлог измените на КЗ не се враќа правдата

by vlatko 17:21
17:21

Со предлог измените на Кривичниот законик што ВМРО-ДПМНЕ ги достави до Собранието, власта се обидува да ја убеди јавноста дека ја враќа правдата, но тоа не е точно, реагираат од Левица.

-Ова денес што се нуди не е реформа. Ова е обланда за идно амнестирање на функционери и за изрекување смешни казни за најтешки форми на корупција.

По измените од 2023 година, за кои ДПМНЕ обезбеди кворум, клучното прашање не е колку предмети застареле, туку дали по овие измени воопшто ќе одговара некој носител на јавна функција“, соопштија денеска од Левица.

Слични вести