„Иако пред очите на целата јавност владиниот кандидат Орце Ѓорѓиевски јасно изјави дека ќе се појави на тв Телма и ќе се соочи со Мециновиќ – денес, на денот кога дебатата требаше да се одржи дознаваме дека тоа сепак нема да се случи. Покана за гостување од страна на ТВ Телма беше уредно испратена до кандидатите за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ и Орце Ѓорѓиевски, непосредно по завршувањето на првиот круг“ соопштија попладнево од партијата Левица.
Од таму велат „Додека Мециновиќ веднаш и без двоумење ја прифати поканата, Ѓорѓиевски со денови молчеше, избегнувајќи конкретен одговор. На т.н. дуел на Канал 5, Мециновиќ и јавно го праша дали ќе присуствува, на што Орце пред камерите изјави дека „НЕМА ПРОБЛЕМ СО ТОА“, односно дека ќе присуствува“.
„Дебатата на тв Телма денес официјално се ОТКАЖУВА бидејќи владиниот кандидат не сакал да присуствува. Со овој чекор, во демократска Македонија, граѓаните остануваат без суштинска, реална дебата помеѓу кандидатите за прв човек на главниот град. Треба да остане забележано дека принцот од „Белата палата”, Орце Ѓорѓиевски, кој уверуваше дека „не бега и не се плаши од дебати со Мециновиќ” – не смогна ХРАБРОСТ да се појави на нормална, специјално неисценирана, ненаместена, непристрасна дебата без подготвени прашања и одговори со кандидатот од Левица“ посочија од опозициската партија.