Левица: Фантом фирма од Битола доби милионски тендер од ЕСМ

by vlatko 13:59
13:59

Левица реагира на, како што вели, директорската гарнитура на АД ЕСМ за рекордни загуби, коруптивни тендери и продолжување на партиското вработување. Според нив, наместо ветената консолидација, јавното претпријатие тоне во долгови, додека тендерите ги добиваат фирми без вработени и без техничка способност.

„Катастрофалното управување со АД ЕСМ од страна на менаџерскиот тим доведе ова претпријатие (кое некогаш работеше со добивка) минатата година да ја заврши со рекордна загуба од 120 милиони евра! Наместо консолидација на ЕСМ, како што најавуваше власта, сведочиме како продолжуваат контроверзните тендери и партиските вработувања во ова јавно претпријатие, додека долгот од месец во месец се зголемува.

Изминатиот период, РЕК Битола склучи скандалозен тендер за чистење со фирма која нема ниту еден вработен и која е формирана само 4 месеци пред склучување на договорот за јавни набавки. Иако, согласно огласот објавен од АД ЕСМ, потребно било компанијата да има минимум 310 вработени и соодветната техничка опременост, тендерот вреден над 2 милиони евра го добива компанијата „ТЕХНО КОП ПЛУС ДООЕЛ” од Битола без ниту еден вработен вработен.

Јасно е дека се работи за сериозен коруптивен скандал со наменски формирана фирма, додека информациите кои пристигнуваат до Левица се дека за оваа компанија да го добие тендерот пресудно било влијанието на Зоран Коњановски, како директор за производство во АД ЕСМ и брат на градоначалникот на Битола.

Дополнително, ја потсетуваме јавноста дека под капата на Узунчев и Коњановски, охридската компанија „ТОПЛИНА” доби рекорден тендер за ископ на јаглен во износ од 24 милиони евра за една година. Се работи за компанија која во време на владеењето на СДС беше подизведувач во тендерите со компанијата „Маркоски”. Иако, ДПМНЕ во опозиција обвинуваше дека тендерите со „Маркоски” предизвикале МИЛИОНСКИ ГРАБЕЖ во РЕК Битола, сега подизведувачите добиваат рекордни тендери од новото раководство на ЕСМ“, стои во реакцијата на Левица.

Слични вести