Кумановец уапсен откако го натепа 85-годишниот дедо

by irena 15:21
15:21

Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(42) од Куманово.

Од МВР информираат дека тој бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговиот 85-годишен дедо, дека во семејниот дом во село во општина Старо Нагоричане, по кратка расправија, физички го нападнал.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести