Започнува судењето за скандалот „Онкологија“, за несовесното лекување на пациенти, обвинети Васев и Пешевска од Оддел дојка и Црвенкова и Јакимовски од Оддел за бели дробови

by irena 08:10
08:10

Пишува; Ирена МУЛАЧКА

Денеска започнува судењето за скандалот „Онкологија“ што го отвори „Фокус, за несовесно лекување на пациенти во кои се обвинети поранешниот директор на клиниката, Нино Васев и Мери Пешева од Оддел Дојка и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски од Одделот за Бели дробови.

Првиот предмет е за финансиски злоуптореби

„Предметот е поделен на два дела, првото обвинение се однесува не економското работење на клиниката – опфаќа две лица. Првиот медицински директор, вториот економски директор. Тие се гонат за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата. Делата ги сториле од 2018 до 2022 година. Тие со дејствијата прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот. Исто така, двата се обвинети за измама, па во вршење на службена должност, го довеле до заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата. Набавувале лекови на реверс, без да постои правен основ на тоа. Потоа правеле постпаки за јавни набавки, кои биле без предметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови. Со вакви противзаконити дејствија, креирале противправни обврски на Фондот“, рече на прес конференцијата во мај, Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот “Онкологија”.

Тие го обвинуваат ексдиректорот Нино Васев дека прибавил имотна корист од 13 милиони денари со присвојување на дел од лековите.

„Откако со свои потпис ќе го потпишел и одобрел лекот, фиктивно ги раздолжувал, не ги аплицирал на пациентите во чие име било требувани. И така постои разлика помеѓу требована разлика и раздолжена количина на пациенти од 2 милиони денари. Ова е констатирано кај девет пациенти. Медицинскиот директор користејќи ја неусогласеноста на издадените лекови од аптека и примени лекови во организационите едници на клиниката, каде бил одговорен организацискиот директор – присвоил дел од лековите кои Клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за девет лекови – авастин, херцептин ербитукс, фубрестан… Прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари“, додаде таа.

Обвинети се и 3 онколози, а прв обвинет е Нино Васев.

„Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите. Опфаќа четворица лекари онколози. Прв обвинет е поранешниот директор на Клиниката, се товари дека извршил тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на болни. Другите се товарат за несовесно лекување на болни. Со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување, со тешкото го нарушил здравјето на пациентите.

Во дел од случаите му било ова овозможено од вториот обвинет кој му дал факсимил и податоци за влез во системот. Другите двајца лекари се обивнети за несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории, се утврдува дека одредувале лекови од новите генерации, во фаза кога било очигледно дека пациентот нема да има корист поради лошиот статус, без да се наведе висината без да се наведе висината и тежината на пациентот, со отстапување од дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба“, додаде тогаш обвинителката Гоговска-Јакимовска.

„Фокус“ го отвори овој случај уште пред две години, каде во детали беа објавени морбидните случувања на Онколошката клиника, каде што се лекуваат најтешко болните пациенти.

Како се откри и расплетуваше скандалот Онкологија?

„Фокус“ открива дека вработена од скопска Онкологија крадела ампули, кои им се давале на пациентите

(АРХИВА) „Фокус“ ги открива сите детали за Онкологија: Дали истрагата ќе удри по главата на криминалниот октопод или ќе паднат само ситните риби?!

По написите на „Фокус“, инспектори и обвинители ја „тресат” скопска Онкологија!

Нов протест поради случајот Онкологија: Правда за жртвите

Злосторничко здружение на Клиниката за онкологија: Доктори и сестри крадат лекови за болните од рак, скапата терапија завршува на црниот пазар!

Нови сознанија за криминалната шема на Онкологија: Никој не може да контролира дали скапата биолошка терапија се меша со физиолошки раствор!

Метастазира хаосот на Онкологија: Клиниката набилда долг од 20 милиони евра, вработени крадат цитостатици од болните од рак!

 

Слични вести