Кривична за 67 годишен тетовец – ја турнал колешката во тетовското акушерско одделение

by irena 13:53
13:53

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 67-годишниот К.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 29 мај годинава.

Пријавениот, кој бил вработен на акушерско одделение, агресивно се однесувал кон неговата колешка и ја турнал.

Полицијата по расчистувањето на случајот поднесе кривична пријава против тетовец поради постоење основи на сомнение за стореното кривично дело.

За понатамошниот тек на постапката ќе одлучуваат надлежните институции.

Слични вести