Долго време скопјанец ги малтретирал жената и децата – го пријавија во полиција

by irena 13:54
13:54

МВР информира дека вчера попладне во 16:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од скопско пријави дека 13. овој месец во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, нејзиниот 34-годишен сопруг агресивно се однесувал и упатувал закани кон неа и малолетните деца.

Според пријавеното, подолг временски период била физички и психички малтретирана од него.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични вести