62
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Како што информираа од МВР, на 03. јуни годинава пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој наводно требало да направи интервенција на нејзината внука за лажна тешка телесна повреда при пад.