1
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Т.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Како што соопштува МВР, тој на 28 јули годинава во својство на параглајдинг инструктор во состав на една параглајдинг компанија, без да ѝ даде потребни инструкции и насоки, договорил тандем лет со параглајдер со А.Г.Б.(37) од Шведска и за време на приземјување кај Струга, таа се здобила со тешки телесни повреди на едната нога.
Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.