Британскиот крал Чарлс III и неговата сопруга кралицата Камила денес го пречекаа американскиот претседател Доналд Трамп пред замокот Виндзор. Неговата сопруга Меланија е со Трамп, пишува Би-Би-Си.
Претседателот на САД беше пречекан од почесна гарда, по што Трамп и британскиот крал ги поздравија војниците, по што беа интонирани химните на САД и Велика Британија. После тоа, Трамп и кралот влегоа во кочијата со своите сопруги, која ги однесе во замокот, каде што гостите беа почестени со свечен ручек.
Видеата и фотографиите ги прикажуваат Трамп и кралот Чарлс III како разговараат во кочијата, како и нивните сопруги, кралиците Камила и Меланија, кои беа во друга кочија.
Според извештаите, првата дама на Америка е облечена во елегантен црн костум со виолетова шапка на главата, додека кралицата Камила носи елегантен син костум.
Трамп пристигна во замокот Виндзор со хеликоптер од резиденцијата на американскиот амбасадор во Лондон, а по слетувањето го пречекаа принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт.
Американскиот државен секретар Марк Рубио денес пристигна во замокот Виндзор, каде што треба да се сретнат американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот крал Чарлс III.
Рубио стигнал до зградата со автомобил, пишува Гардијан, додавајќи дека на покривот од зградата за следење може да се видат двајца снајперисти.
Камион со голема фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беше забележан денес како кружи околу замокот Виндзор, каде што британскиот крал Чарлс III и Трамп треба да се сретнат во текот на денот.
Сличен инцидент се случи во вторник вечерта кога на Виндзор беа проектирани фотографии од Трамп и Епштајн, за што беа уапсени четири лица, пишува Би-Би-Си.
На камионот, покрај фотографијата е напишан текстот „Добредојдовте во Обединетото Кралство, Доналд“.
Трамп се дружел со Епштајн во 1990-тите и почетокот на 2000-тите, но никогаш не бил обвинет за никакво кривично дело во врска со покојниот финансиер.
Инаку, пред Виндзор се собрале бројни прес-екипи, а поставени се и голем број прес-шатори, а покрај новинарите, присутни се и голем број полицајци и обезбедувачи.