Костадинов: Можно е да се кандидирам како независен кандидат за градоначалник, но одлуката не е конечна

by irena 16:25
16:25

Можно е да се кандидирам како независен кандидат за градоначалник, но оваа одлука не е конечна, објави на Фејсбук струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов откако вчера СДСМ реши за кандидат за градоначалник на Струмица да го предложи Марјан Даскаловски. Почитувани пријатели,

„Секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање:

„Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“

Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток. Но ова не е одлука за слава, туку одговорност пред сите вас. Затоа сега е време за многу трпение, мудрост и длабоко размислување. Не сакам со ништо да им наштетам на моите другари – на луѓето со кои го делев и доброто и тешкото. Но не можам да молчам пред оваа енергија што ја чувствувам од граѓаните“, пишува Костадинов и додава:

„Веќе разговарам со многумина – со народот на терен, со граѓански здруженија, со партии, со чесни социјалдемократи и квалитетни луѓе кои тешко дека ќе се најдат на новите советнички советнички листи. Да, сѐ е возможно. Но потребно ми е време. Одлуката ќе ја соопштам јавно, за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна. Зашто кога одговараш пред народот – мораш да бидеш подготвен не само да победиш, туку и да ја носиш победата со чест. До тогаш, продолжуваме со народот, со идејата, со Струмица“

Благодарам за големата доверба и барам максимално трпение од ваша страна. – напиша Костадинов.

Слични вести