Клековски: Половина од осигурениците не плаќаат придонеси, 50 милијарди за Фондот за здравство, 7 повеќе од лани

by irena 16:17
16:17

50 милијарди денари е буџетот за 1.820.000 осигурени лица во Фондот за здравствено осигурување. Во споредба со минатата година, тоа е за 7 милијарди повеќе. Но, според директорот на Фондот, Сашо Клековски, само половина од нив придонесуваат во фондот преку плати, додека останатите се на различни основи, како пензионери и социјални случаи.

„Мислам дека најмногу станува збор за нашите граѓани кои живеат во дијаспората, но не се одјавени од Македонија и продолжуваат да имаат здравствено осигурување. Исто така, мислам дека поголемиот дел од тие што не се осигурени и остваруваат приходи независно од плата, и не ја исклучувам можноста дека има и лажно осигурени лица.“, додаде Сашо Клековски.

Директорот Клековски дополнително нагласи дека минатата година се зголемил и бројот на издадени рецепти за еден милион повеќе, а годинава оваа бројка сè уште расте.

Посочија и дека просечното зголемување на платите во здравствениот сектор изнесува 17%, како мотивација за здравствените работници.

Слични вести