Кочински: Опремени сме со реагенси, луѓето може да се тестираат паралелно и за грип и за Ковид-19

by irena 15:20
15:20

Опремени сме со реагенси и луѓето може да се тестираат паралелно и за грип и за Ковид-19, потенцираше попладнево во изјава за медиуми, доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје и нагласи дека е рано да се каже каква ќе биде состојбата со заболени од грип оваа сезона.

-Се уште е рано да кажуваме како ќе се движи сезоната бидејќи ова е сепак почеток, четврта недела откако го следиме грипот – на групни пријави за грип. Пикот на самиот грип е некаде кон крајот на јануари, почетокот до средината на месец февруари. Така дшто во текот на сезоната ќе расте бројот на заболени, рече Кочински.

Тој потсети дека вакцината против сезонски грип е најефективната мерка за превенција од ова заболување.

-Во пунктот на Институтот за јавно здравје каде се вакцинираат здравствените работници од Скопје има околу 750 вакцинирани здравствени работници, тука во пунктот и на терен, каде што оди нашиот тим, информираше Кочински.

На новинарско прашање дали годинава како и во изминатите години има слаб интерес кај бремените жени за вакцинација, рече дека засега тие податоци не ги добиваат од Управата за електронско здравство по ранливи категории, добивале само вкупни бројки.

-Стандардно, интересот е низок. Но, секоја година, така и оваа, ги повикуваме да се пријават на Вакцинација.мк и да се вакцинираат против сезонски грип, подвлече Кочински.

Тој потсети дека Ковид-19 е се уште присутен како болест.

Слични вести