182
Секторот за внатрешни работи – Велес соопшти дека синоќа во 20:05 часот на крстосница од улиците „Народен фронт“ и „Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35).
Претходно, тој со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од Т.А.(55)од Кавадарци.
При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. управувал возило под дејство на алкохол – односно дека има 3,21 промил алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.
По целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик.