Измамник на две семејства од Куманово „им собра“ 6.000 евра – им вети летување во Турција

by irena 13:06
13:06

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р. Турција, во износ од 373.890 денари.

Слични вести