Јовица Илиески го фати осветениот крст за Водици во Тетово

by irena 11:07
11:07

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, осветениот крст во црковниот базен го фати 51-годишниот Јовица Илиески.

Празнувањето започна со литургија која ја отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф заедно со свештениците на тетовското намесништво. Потоа во дворот од црквата го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.

-Прв пат скокам за крстот. Ете, Господ даде да го фатам јас. Им посакувам на сите многу здравје, среќа, бериќет. Многу сум возбуден, да сме живи и здрави сите, Господ здравје да дава во секој дом, секое семејство во цел свет, изјави Јовица Илиески.

По осветениот крст скокаа и 51 годишниот Живко Антовски и 45 годишниот Петко Тасевски.

Слични вести