Под влијание на циклонска активност, од денеска до средина на следната недела времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминуваат во снег.
Денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје, минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.